КИНА ЛАНСИРАШЕ ВСЕЛЕНСКО ЛЕТАЛО БЕЗ ЕКИПАЖ Предходното беше оштетено по судир со вселенски отпад
Станицата остана без резервно летало за итни ситуации 10 дена, првпат од нејзиното функционирање во 2022 година.

Кина денес го лансираше вселенското летало „Шенжоу-22“, чија цел е да ја замени оштетената капсула „Шенжоу-21“ на вселенската станица „Тјангонг“. Станицата остана без резервно летало за итни ситуации 10 дена, првпат од нејзиното функционирање во 2022 година.
„Шенжоу-20“, кој требаше да го врати тричлениот екипаж на Земјата, беше оштетен по судир со вселенски отпад, па астронаутите се вратија со „Шенжоу-21“. Новиот „Шенжоу-22“ е лансиран без екипаж поради ограничениот капацитет на станицата, а следната мисија со екипаж – „Шенжоу-23“ – е планирана за април следната година.
Поради инцидентот, екипажите од „Шенжоу-20“ и „Шенжоу-21“ мораа да престојуваат заедно на станицата подолго од планираното.
CATEGORIES Магазин

