ТРАДИЦИЈАТА ВО БЕЛАТА КУЌА ПРОДОЛЖУВА – Меланија Трамп ја пречека божиќната елка

Оваа година Белата куќа ќе пречека илјадници посетители, иако главната влезна точка, Источното крило, беше срушена

ТРАДИЦИЈАТА ВО БЕЛАТА КУЌА ПРОДОЛЖУВА – Меланија Трамп ја пречека божиќната елка
Фото: Принтскрин

Елката, донесена од фармата „Корсонс“ во Мичиген, пристигна во традиционална кочија управувана од тројца мажи со цилиндри и влечена од два коњи, објави списанието „Пипл“. Првата дама, облечена во бел капут со темноцрвени ракавици, ја поздрави елката со зборовите „Прекрасна елка“ и позираше за новинарите, ракувајќи се со еден од возачите пред да биде внесена во Белата куќа.

Божиќната елка ја отвора низа традиционални настани: на 25 ноември претседателот Доналд Трамп ќе ја помилува мисирката, а на 1 декември Меланија ќе ги открие божиќните украси за оваа година.

Откако во 2017 година избра класичен стил, Меланија во 2018 година се одлучи за поекстравагантен избор со 40 крваво-црвени, конусовидни елки во стилот „Американски богатства“. Тогаш интернетот бурно реагираше, споредувајќи ја бојата со сцените од „Приказната за слугинката“ и „Сјаењето“. Белата куќа објасни дека црвената боја симболизира храброст и доблест, инспирирана од претседателскиот печат.

Меланија тогаш изјави:

„Изгледаат фантастично. Се надевам дека сите ќе дојдат да ја посетат Белата куќа, народната куќа. Секој има различен вкус.“

Во 2020 година CNN објави протечена аудиоснимка од 2018, на која Меланија се жалеше на тежината на задачата да ги украсува просториите, истовремено примајќи критики за политиките на претседателот.

Оваа година Белата куќа ќе пречека илјадници посетители, иако главната влезна точка, Источното крило, беше срушена. Почнувајќи од 2 декември, посетителите ќе можат да ја разгледаат Крос Хол, Источната соба, Зелената, Сината и Црвената соба, како и Државната трпезарија. Историските простории на приземјето, вклучувајќи ја Библиотеката и Вермелската соба, повеќе нема да бидат достапни.

CATEGORIES
Share This