КИДНАПИРАНИ 303 УЧЕНИЦИ И 12 НАСТАВНИЦИ ВО НИГЕР Ниту една група не презела одговорност

Властите сè уште не го потврдија точниот број на киднапирани и наредија затворање на сите интернати во областа.

КИДНАПИРАНИ 303 УЧЕНИЦИ И 12 НАСТАВНИЦИ ВО НИГЕР Ниту една група не презела одговорност

Вооружени напаѓачи киднапираа 303 ученици и 12 наставници од католичкото училиште „Света Марија“ во државата Нигер, соопшти Христијанската асоцијација на Нигерија. Првично биле однесени 215 деца и 12 наставници, а дополнително биле заробени уште 88 ученици кои се обиделе да побегнат.

Властите сè уште не го потврдија точниот број на киднапирани и наредија затворање на сите интернати во областа. Нападот следи само четири дена по киднапирањето на 25 ученички во соседната држава Кеби.

Ниту една група не презела одговорност, а специјални единици и локални жители се во потрага по децата. Училиштата често се цел на вооружени банди кои преку киднапирања привлекуваат внимание.

Нигерискиот претседател Бола Тинубу ги откажа меѓународните патувања, а на самитот на Г20 ќе го претставува потпретседателот. Киднапирањата се случуваат во период кога американскиот претседател Доналд Трамп се заканува со воена интервенција поради наводен прогон на христијани, што Нигерија го негира, но признава дека води разговори со САД за безбедносна соработка.

CATEGORIES
Share This