ПОЛИЦИЈАТА ПРИВЕДЕ ЧЕТИРИ ВОЗАЧИ ПОРАДИ УПРАВУВАЊЕ ПОД ДЕЈСТВО НА АЛКОХОЛ Двајца од нив предизвикале сообраќајни несреќи
МВР соопшти дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени пријави за „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Полицијата приведе четворица возачи во Штип, Кочани, Прилеп и Крива Паланка поради управување под дејство на алкохол, а во Кочани и Крива Паланка тие предизвикале и сообраќајни несреќи.
Во Штип е приведен 37-годишен возач со 1,94 промили алкохол, во Кочани 20-годишен кој по несреќа бил затекнат со 1,58 промили, во Прилеп 21-годишен со 2,79 промили, а во Крива Паланка 29-годишен кој по несреќа имал 2,06 промили алкохол во крвта.
МВР соопшти дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени пријави за „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
CATEGORIES Македонија

