МАКЕДОНИЈА ТРГНУВА ПО ЧУДО Данска во полуфиналето

Полуфиналните мечеви се закажани за 26 март, а финалните за 31 март

МАКЕДОНИЈА ТРГНУВА ПО ЧУДО Данска во полуфиналето
Фото: Принтскрин

Македонската фудбалска репрезентација ќе игра против Данска во полуфиналето на плеј-офот за Светското првенство 2026, на гостински терен. Доколку ја елиминира Данска, финалето ќе го игра против победникот од дуелот Чешка-Ирска, на теренот на Ирска.

Полуфиналните мечеви се закажани за 26 март, а финалните за 31 март. Другите дуели во полуфиналето се: Велс-БиХ, Полска-Албанија, Словенија-Косово и Италија-Северна Ирска.

Македонија ги заврши квалификациите со пораз од Велс од 7:1, што ѝ донесе третото место во групата и најслабо рангирано место на ждрепката.

CATEGORIES
Share This