“D’REAMERS” СО „ТАА” – Го заокружуваат нивниот прв албум

Со „Таа“, D’Reamers уште еднаш го потврдуваат својот препознатлив стил и уметничка зрелост, а публиката со нетрпение ја очекува промоцијата на албумот, која се најавува во блиска иднина. 

“D’REAMERS” СО „ТАА” – Го заокружуваат нивниот прв албум
Фото: “D’Reamers”

Македонскиот бенд “D’Reamers” ја претстави својата најнова песна „Таа“, која претставува десетта и воедно последна нумера што го заокружува нивниот дебитантски музички албум. Со ова издание, групата го најавува финалниот чекор пред официјалната промоција на албумот, која ќе биде обелоденета наскоро.

Во „Таа“ е вложена силна авторска и продукциска енергија, текстот е напишан од Синиша Карафилоски, а аранжманот е дело на Дамир Пух и Наташа Миха. Песната го добива својот финален звук во „GreenRoom Sound Studio“, каде што се реализирани продукцијата и миксот. Посебно значајна е и вокалната изведба, зад која стои Јордан Џејмс Ивановски, додавајќи препознатлива емоција и интерпретативна сила на нумерата.

Видео-сторијата на песната е збогатена со настапот на познатата актерка и уметник Ирина Кузевска, која се појавува во официјалниот спот и внесува дополнителна визуелна длабочина.

Со „Таа“, D’Reamers уште еднаш го потврдуваат својот препознатлив стил и уметничка зрелост, а публиката со нетрпение ја очекува промоцијата на албумот, која се најавува во блиска иднина.

Во продолжение следува и линкот до самиот аудио и видео запис.

https://youtu.be/CltyIN5wK58?si=fq9-DLpmYRo6x9O4

CATEGORIES
Share This