ВЕЧЕРВА ЗАПОЧНУВА 50. ЈУБИЛЕЈНО ИЗДАНИЕ НА МЛАД ОТВОРЕН ТЕАТАР Фестивалот го отвора претставата „Лимениот барабан“
Фестивалот го отвора претставата „Лимениот барабан“ на Југословенско драмско позориште, режирана од Васил Христов.

Вечерва во МНТ започнува 50-тото јубилејно издание на Млад отворен театар (МОТ), под мотото „Нашите во светот“. Фестивалот го отвора претставата „Лимениот барабан“ на Југословенско драмско позориште, режирана од Васил Христов. Делото има силно македонско присуство – музиката е на Никола Коџобашија, а сценографијата на Константин Трпеноски, што му дава посебна симболика на отворањето.
Трпеноски, кој работи во Виена, ја создава минималистичката сценографија, а неговото учество ќе биде заокружено и со изложбата „Сценариум и имагинариум“, која утре се отвора во МКЦ. Изложбата ќе прикаже петнаесет сценски дизајни, меѓу кои и наградувани проекти. Со овие содржини, МОТ го одбележува јубилејот и ја слави македонската театарска креативност на меѓународната сцена.


