ГУСТ ДНЕВЕН РЕД ВО СОБРАНИЕТО – Пратенички прашања, ратификации, избори и законски измени

Пратеничките прашања ќе го отворат собранискиот ден, пред разгледувањето на обемниот дневен ред.

ГУСТ ДНЕВЕН РЕД ВО СОБРАНИЕТО – Пратенички прашања, ратификации, избори и законски измени
Фото: Национал

Собранието денеска ја одржува првата пленарна седница по завршувањето на Локалните избори. Пред почетокот на 70. седница, премиерот и министрите во рок од два часа ќе одговараат на прашања поставени од опозициските пратеници.

На предлог-дневниот ред на 70. седница се најдоа повеќе точки, меѓу кои: верификација на мандати на нови пратеници; предлог за именување на член на Фискалниот совет;  избор на членови на Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност; избор на членови на Националниот совет за високото образование и научно-истражувачката дејност; избор на член на Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за децата; Предлог-закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Северна Македонија и Владата на Азербејџан за визно ослободување на носители на дипломатски и службени пасоши и Предлог-закон за ратификација на измените на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка.

Во прво читање ќе се разгледуваат измените и дополнувањата на повеќе закони, меѓу кои: Законот за правата на заедниците помалубројни од 20% од населението; Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги; Законот за данок на додадена вредност; Законот за гранична контрола и Предлог-закон за претворање на побарувањата на државата по основ на јавни давачки во траен влог во Јавното претпријатие за стопанисување со спортските објекти – Скопје.

По завршувањето на 70. седница, Собранието ќе продолжи со преостанатите точки од 19. седница. На дневен ред се: Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2025 година и Предлог-одлуката за давање согласност на висината на месечниот надомест што Агенцијата ќе го наплатува од пензиските друштва во 2025 година.

CATEGORIES
TAGS
Share This