СОЛИСТИЧКИ КОНЦЕРТ НА ДУЊА ИВАНОВА „10 Пурпурни Ноктурна за пијано“ во Камерната сала на Филхармонија
Програмата ги опфаќа десетте пиеси што ја обединуваат лиричноста, современата хармонија и препознатливата звучност на авторот.

На 19 ноември (среда) во 20 часот, во Камерната сала на Филхармонија, ќе се одржи солистички концерт на пијанистката Дуња Иванова, на кој ексклузивно ќе биде изведен циклусот „10 Пурпурни Ноктурна за пијано“ од композиторот Давор Јордановски.
Ова е прва целосна македонска жива изведба на циклусот, по неговото студиско издание. Програмата ги опфаќа десетте пиеси што ја обединуваат лиричноста, современата хармонија и препознатливата звучност на авторот.
Настанот е дел од Годишната програма за култура на Град Скопје за 2025 година. Влезот е слободен.
CATEGORIES Култура


