ТОТЕНХЕМ СО БОГАТСТВО ЗА ЈАПОНСКИ ФУДБАЛЕР Дали ќе ја искористи шансата?

Тотенхем повторно покажува интерес за крилниот напаѓач на Реал Сосиедад, Такефуса Кубо, кој не успеа да се наметне во Реал Мадрид и Барселона. Според шпанскиот медиум Ас, клубот од Лондон е подготвен да плати 60.000.000 евра за неговата откупна клаузула. Иако финансиските услови не претставуваат проблем за Тотенхем, засега нема конкретна понуда во подготовка.
Кубо, кој е јапонски репрезентативец, привлекува внимание и од Арсенал и Атлетико Мадрид, но мадридскиот клуб не е подготвен да активира неговата клаузула, што би можело да оди во корист на Тотенхем. Спарси, покрај Кубо, исто така, ги следат и Магнеса Акллијуса од Монако, бидејќи тренерот Томас Френк бара замена за Хунг Мин Сон.
Клубот сака играч кој би можел да донесе комерцијален ефект на азиското пазариште, а Кубо се вклопува во тие планови. Јапонецот помина четири години во младинските категории на Барселона и беше дел од Реал Мадрид, но не доби вистинска шанса во ниту еден од двата најголеми шпански клуба. Можеби сега ќе добие шанса да заигра на големата сцена како член на Тотенхем.

