ШОКАНТНО УБИСТВО ВО ШТИП 74-годишен маж уби жена и ја закопа во дворот

ШОКАНТНО УБИСТВО ВО ШТИП 74-годишен маж уби жена и ја закопа во дворот

Во Штип, 74-годишен маж е осомничен за убиство на 79-годишна жена, по што телото го закопал во својот двор. Според информациите од СВР Штип, Д.А. е обвинет за кривични дела „убиство“ и „противправно лишување од слобода“. Случајот е откриен по пријава од страна на сестрата на жртвата, која на 24. октомври 2025 година пријавила дека нејзината сестра Б.Н. исчезнала.

По добиената пријава, полицијата започнала истрага и со судска наредба извршила претрес во домот на осомничениот. За време на претресот, пронајдени се различни предмети и траги од крв, по што Д.А. бил лишен од слобода. МВР потврди дека осомничениот е задржан во притвор за период од 96 часа, а потоа е префрлен во Казнено-поправната установа во Куманово.

По дополнителните истражни мерки и вештачења, Д.А. повторно бил испрашуван, при што детално го опишал начинот на кој го извршил убиството. Телото на жртвата е пронајдено и по наредба на јавен обвинител е испратено на обдукција. На осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена, а случајот продолжува да се истражува.

CATEGORIES
Share This