VOLKSWAGEN ВО КРИЗА Одложени милијарди инвестиции и неизвесна иднина на фабриките

Во седиштето на Volkswagen во Волфсбург владее целосна неизвесност. Како што ексклузивно пренесува германскиот Bild, надзорниот одбор на концернот одложил донесување на клучниот инвестиционен пакет кој требаше да биде изгласан овој петок. Финансиската ситуација на автомобилскиот гигант е толку несигурна што управата во моментов не се осмелува да ги финализира плановите за нови модели и инвестиции во стотина фабрики ширум светот.
Според информации од повеќе извори внатре во компанијата, целиот процес би можел да трае месеци. Одложувањето на инвестициите се од круцијална природа за Volkswagen. Од висината на буџетот зависи кои фабрики ќе бидат модернизирани, кои нови модели ќе се произведуваат и кои технологии ќе се развиваат.
Без јасни финансиски насоки, добавувачите не можат да планираат своето производство, развојните програми запаѓаат, а дури и тековните процеси на модернизација на погоните доаѓаат под знак прашање. Volkswagen прележува нови хаотични денови, а неизвесноста се шири низ целиот синџир на снабдување.
Додека надзорниот одбор на своите состаноци во ноември некогаш управуваше со огромни суми и одлучуваше за распределба на милијарди, ситуацијата денес е драстично поинаква. Според внатрешните проценки, само за следната година недостасуваат околу единаесет милијарди евра за планираните инвестиции. Станува збор за огромен недостаток кој заканува со парализа на клучните проекти.

