ДЕНЕСКА ВРЕМЕТО СОНЧЕВО Од вторник нестабилно

Денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а во западните делови ќе дува и умерен ветер од југозападен правец. Максималните дневни температури ќе се движат помеѓу 14 и 19 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и претежно тивко, со умерена облачност и слаб ветер. Метеоролошките параметри покажуваат температура од 15°C, атмосферски притисок од 982 hPa, влажност на воздухот од 60% и ветер со брзина од 1 m/s.
Според прогнозата на УХМР, во следните денови не очекува период на нестабилно време, со појава на утринска магла, особено во котлините. Од вторник ќе настапи поголема облачност со локални врнежи од дожд, кои на одделни места може да бидат и пообилни, над 30 литри на квадратен метар. Ќе дува умерен до силен јужен ветер, а во Повардарието и југоисточен, со брзина што на моменти може да надмине 60 km/h.

