ПРОМЕНИ ВО ДРЖАВНИОТ АРХИВ Разрешена директорката Наташа Котлар-Трајкова
Директорката вели дека нејзиното критичко мислење за македонските иселеници во Австралија и амбицијата на заменик-директорот биле причините за разрешувањето.

Директорката на Државниот архив на Македонија, Наташа Котлар-Трајкова, е разрешена од функцијата која ја извршуваше една година и четири месеци.
Во интервју за ТВ 24, Котлар-Трајкова изјави дека, според неа, причината за разрешувањето е нејзиното критичко изнесување ставови за македонските иселеници во Австралија во интервјуто од август.
„Вчера, точно во 12 часот и 4 минути, додека бев на своето работно место во Државниот архив, ме повика една госпоѓа која се претстави како секретарка од кабинетот на премиерот. Информацијата беше многу кратка – ми кажа дека од моментот на повикот веќе не сум директорка на Архивот“, рече Котлар-Трајкова.
Таа додава дека, според претседателот, „мојот најголем ‘грев’ и причина за разрешувањето е критичкото мислење што го изнесов во интервјуто во август за нашите иселеници во Австралија“.
Дополнително, Котлар-Трајкова посочи дека причина за нејзиното разрешување била и амбицијата на назначениот заменик-директор од редовите на ВМРО-ДПМНЕ да ја преземе директорската позиција.


