МАКЕДОНИЈА ТРГНУВА КОН ПЛАСМАН НА СП 2025 Вечерва на мечот со Полска одиме на изненадување на гостинскиот терен
Управниот одбор (УО) на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) одреди парична награда за македонската сениорска женска ракометна репрезентација за успешен пласман на претстојното Светско првенство, во висина од 1,5 милион денари

Женската сениорска репрезентација на Македонија ги изврши последните подготовки за првиот натпревар од баражот против Полска за пласман на Светското првенство 2025.
Избраничките на Кристијан Грчевски вечерва на гости во Полска ќе атакуваат на изненадување, а пред вечерашниот натпревар, имаа последна проверка на силите.
Од оние 19 кои беа во комбинација за настап, во составот не се Матеа Чурлиновска, Пена Граматова и Емилијана Ризоска.
Натпреварот меѓу Полска и Македонија е закажан за 20:30 часот, додека реванш средбата ќе се одигра на 12 април во Битола.
Управниот одбор (УО) на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) одреди парична награда за македонската сениорска женска ракометна репрезентација за успешен пласман на претстојното Светско првенство, во висина од 1,5 милион денари, објави РФМ.
Правдата на денешниот дуел ќе ја делат Михаела Парашив и Георгијана Мурариу од Романија, а делегат на мечот е Тадас Јансонас од Литванија.


