УСТАВНИОТ СУД НА БИХ ПОТВРДИ Додик останува без претседателски мандат

Претседателскиот мандат на Милорад Додик е одземен по осудата за непочитување на одлуките на високиот претставник.

УСТАВНИОТ СУД НА БИХ ПОТВРДИ Додик останува без претседателски мандат
Фото: Принтскрин

Уставниот суд на Босна и Херцеговина денес ја отфрли жалбата на избраниот претседател Милорад Додик против кривичната пресуда на Судот на БиХ, со што ја потврди и одлуката на Централната изборна комисија за одземање на неговиот претседателски мандат.

Адвокатскиот тим на Додик, иако без големи очекувања, ја поднесе жалбата како формален чекор пред поднесување претставка до Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Судот на БиХ претходно го осуди претседателот на Република Српска на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење политичка дејност поради непочитување на одлуките на високиот претставник во земјата, Кристијан Шмит.

CATEGORIES
Share This