11. БИТОЛА ШЕКСПИР ФЕСТИВАЛ „Стореното не може да се поништи“

Осум претстави ќе бидат дел од програмата на 11. Битола Шекспир фестивал што годинава ќе се одржи од 14 до 21 ноември.

11. БИТОЛА ШЕКСПИР ФЕСТИВАЛ „Стореното не може да се поништи“

Публиката ќе може да види претстави од: Полска, САД, Хрватска, Англија, Бугарија и од Македонија, под мотото „Стореното не може да се поништи“.

На програмата ќе бидат „Дванаесеттата ноќ” на Драмскиот театар „Александар Венгерко“ од Бјалисток, Полска (15 ноември), „Крал Лир” на “Lit Moon Theatre” од САД (17 ноември), „Еволуцијата на распадот” на Театарското здружение „Артема театарска лабораторија“ од Скопје (18 ноември), кореодрамата „Само ти(и)ја / Only You (and I)” на Здружение на граѓани „Тим Театрос К“ одСкопје (19 ноември), „Ричард III” на Народниот театар од Битола (19 ноември), „Јас Писблосом / I, Peaseblossom” – Hani-Tong Theatre, Хрватска/Англија (20 ноември), монодрамата базирана на извонредната ревизија на Шекспировата ,,Сон на летната ноќ,, од Тим Крауч и „Како што милувате“ на Драмскиот театар „Стојан Бачваров“ од Варна (21 ноември).

CATEGORIES
Share This