СО МИЦКОСКИ СМЕ ИМАЛЕ РАЗЛИКИ – Но мора да му се признаат две работи напиша лидерот на Единствена Македонија
Претседателот на Единствена Македонија на Фејсбук му оддаде признание на премиерот за чекори што, според него, го менуваат политичкиот баланс во државата.

Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, на социјалната мрежа Фејсбук сподели ново мислење во кое, иако политички противник на ВМРО-ДПМНЕ, му оддава признание на премиерот Христијан Мицкоски за, како што вели, две историски достигнувања.
„Со премиерот Христијан Мицкоски низ годините на барикадите имавме различни видувања за одредени прашања. Сепак, како човек кој во целиот свој политички ангажман се водам единствено од националните интереси, морам да истакнам две историски достигнувања на Мицкоски:
✅ Го тргна ДУИ од власт
✅ Го освои Кичево“, напиша Бачев.
Тој појаснува дека овие настани имаат историско значење бидејќи, според него, по Рамковниот договор од 2001 година и територијалната поделба од 2004 година, овие прашања поврзани со албанското малцинство беа сметани за „завршена работа“, во која повеќе не треба да се интервенира.
„Сепак, чудата се можни. Треба да го живееме македонскиот сон и да веруваме дека можеме да си ја вратиме државата назад – како национална, унитарна и демократска Република Македонија“, додава Бачев во објавата.


