ВМРО-ДПМНЕ ПОБЕДИ ВО УШТЕ 22 ОПШТИНИ – Ќе управува со вкупно 54 локални единици
Партијата обезбеди 22 нови општини и ќе управува со вкупно 54 локални единици

ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа на осмите локални избори, освојувајќи уште 22 општини во вториот круг, вклучувајќи го и Град Скопје. Со тоа, партијата во следните четири години ќе управува со вкупно 54 општини, што е 12 повеќе во споредба со изборите во 2021 година.
Новите победи на ВМРО-ДПМНЕ ги вклучуваат Карпош, Валандово, Дојран, Кичево и Град Скопје.
СДСМ по овие избори ќе раководи со шест општини, што е десет помалку од претходно, додека коалицијата ВРЕДИ освои девет општини, а Националната алијанса за интеграција – четири.
ЗНАМ го задржа мандатот во Куманово, кандидатот на Унија на Роми победи во Шуто Оризари, а Менди Ќура ја освои победата во Струга како независен кандидат.
Во Гостивар, Центар Жупа, Врапчиште и Маврово-Ростуше ќе се одржи ново гласање, бидејќи во првиот круг не беше исполнета потребната излезност.
Вкупната излезност во вториот круг изнесуваше 40,46%.


