КРАЈ НА ЧЕКАЊЕТО Два лекови против згрутчување на крвта наскоро без рефундација

Пациентите ќе имаат директен пристап до животно важните лекови од ноември

КРАЈ НА ЧЕКАЊЕТО Два лекови против згрутчување на крвта наскоро без рефундација
Фото: Национал

Од крајот на ноември, два лека за спречување на згрутчување на крвта ќе можат да се добијат на рецепт во аптека. Ова го соопшти генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

Станува збор за антикоагулансите Еноксапарин и Надропарин, кои досега беа достапни само преку болничката позитивна листа, а за домашно лекување граѓаните мораа да бараат рефундација од Фондот.

„Граѓаните веќе нема да треба да се чекаат на шалтерите за да ги добијат средствата за овие лекови. Со поедноставување на пристапот, ќе се намали и оптоварувањето на Фондот, што ќе ни овозможи да се фокусираме на други важни прашања“, рече Клековски.

CATEGORIES
TAGS
Share This