УРАГАНОТ „МЕЛИСА“ ЗЕДЕ 34 ЖРТВИ Покрај жртвите предизвика големи поплави и оштетувања на инфраструктурата
Ураганот однесе осум животи на Јамајка, едно лице во Доминиканската Република и 25 на Хаити.

Бројот на загинати од ураганот „Мелиса“ на Карибите се искачи на 34 лица, јавува „Скај њуз“.
Ураганот однесе осум животи на Јамајка, едно лице во Доминиканската Република и 25 на Хаити. Откако во вторник, на 28 октомври, стигна до копното на Јамајка, „Мелиса“ предизвика тешки поплави и големи оштетувања на инфраструктурата во Јамајка, Куба, Доминиканската Република и повеќе островски држави во Карибите.
CATEGORIES Свет


