ЈП „ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА“ СО ТЕХНИЧКИ ЗАФАТ Дел од корисниците во општините Центар и Аеродром денеска ќе останат без вода

На улицата „Франклин Рузвелт“ бб се изведува приклучок со пречник од 80 милиметри, поради што без вода ќе бидат корисниците на дел од оваа улица, на потегот од улиците „Орце Николов“ до „Благој Давков“ во општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување на работните активности.
Истовремено, поради промена на вентил во шахта со пречник од два инчи на улица „Венијамин Мачуковски“ бб во општина Аеродром, без вода ќе останат и корисниците од оваа улица. Прекинот ќе трае од 9:00 часот до завршување на активностите.
Од претпријатието апелираат граѓаните да имаат разбирање за привремените прекини и да обезбедат потребни резерви на вода за пиење и домаќинство до повторно воспоставување на водоснабдувањето.
CATEGORIES Македонија


