ПУТИН ОТКРИ КОГА ПОЧНУВААТ ПРЕГОВОРИТЕ ЗА УКРАИНА Русија, САД и Киев седнуваат на иста маса
На 10 ноември во Абу Даби треба да започнат трилатералните разговори за украинското прашање, а Путин ѝ се заблагодари на Обединетите Арапски Емирати за посредничката улога.

Русија, САД и Украина на 10 ноември ќе седнат на иста преговарачка маса во Абу Даби, каде што треба да започнат трилатералните разговори за украинското прашање. Ова денеска го соопшти рускиот претседател Владимир Путин, најавувајќи нова дипломатска иницијатива за изнаоѓање решение за конфликтот.
„Следната недела, во вторник, во Обединетите Арапски Емирати треба да започнат трилатерални разговори за украинското прашање, за што сме благодарни на раководството на ОАЕ“, изјави Путин на почетокот на состанокот со постојаните членови на Советот за безбедност на Русија, пренесува „Интерфакс“.
Рускиот претседател нагласи дека раководството на Обединетите Арапски Емирати континуирано ѝ помага на Москва во напорите за изнаоѓање решение за украинската криза.
Тој посебно ја истакна улогата на ОАЕ во решавањето на хуманитарните прашања, вклучително и размената на заробеници.
Најавените разговори во Абу Даби би можеле да претставуваат важен дипломатски чекор во обидите за приближување на позициите на трите страни и отворање пат кон решение за војната во Украина.

