ДОЈАВИ ЗА БОМБИ ВО УЧИЛИШТА ВО СКОПЈЕ И КУМАНОВО По извршени проверки било утврдено дека се лажни

По преземените мерки и активности, Министерството за внатрешни работи соопшти дека заканите за бомби во неколку училишта во Скопје и во Куманово се покажале како лажни.

ДОЈАВИ ЗА БОМБИ ВО УЧИЛИШТА ВО СКОПЈЕ И КУМАНОВО По извршени проверки било утврдено дека се лажни

„Денеска (28.10.2025) околу 18:00 часот во СВР Скопје и СВР Куманово пријавено е дека на емаил адресите во 28 училишта во Скопје и 17 училишта во Куманово пристигнале пораки за наводно поставени експлозивни направи“, информираат од МВР.

Откако веднаш биле преземени сите соодветни мерки и активности, полициските екипи извршиле детални проверки на локациите и утврдиле дека се работи за лажни дојави.

Од Министерството апелираат граѓаните да не потпаѓаат под влијание на вакви закани и да останат мирни, а надлежните органи ќе продолжат со активности за откривање на испраќачите на лажните пораки.

CATEGORIES
Share This