БЕЗБЕДНОСНА КРИЗА ВО ЦРНА ГОРА – Присуството на 100.000 Турци неоосманизација или миграциски бран

Најновите информации од Подгорица велат дека рано утрово на булеварот Иван Црнојевиќ била срушена продавница во сопственост на турски државјанин.

БЕЗБЕДНОСНА КРИЗА ВО ЦРНА ГОРА – Присуството на 100.000 Турци неоосманизација или миграциски бран
Фото: Принтскрин

Власта и опозицијата во Црна Гора со разллични податоци околу бројноста на Турците во Црна Гора по избувнувањето на сериозната безбедносна криза поврзана токму со Турците во Црна Гора.

Црногорската полиција апелира до граѓаните да останат достоинствени и да не подлегнуваат на емоции или повици за линч, што покажува колку е сериозна ситуацијата.

Владата на Црна Гора, по итна постапка, одлучи да го укине безвизниот режим за турските граѓани, како што претходно најави премиерот Милојко Спајиќ. Тој најави и интензивни разговори со Турција за да се најде „најдобриот модел“ за зачувување на економската активност и билатералните односи.

Претходно, медиумите јавија дека во Црна Гора пристигнале повеќе од 100.000 турски граѓани. Министерот за внатрешни работи, Данило Шарановиќ, демантираше, нагласувајќи дека бројката е околу 13.000, од кои само 80 имаат постојан престој.

Причина за кризата беше брутален напад во подгоричката населба Забјело, каде група турски државјани физички го нападнаа М. Ј., кој беше сериозно повреден. Соседите формираа „народни патроли“ за да патролираат низ улиците, а тројца турски државјани се забарикадираа во казино откако мештаните се обиделе да се соочат со нив.

Жителите се жалат на честите провокации и кражби од страна на турски државјани во населбата. Еден од повредените раскажал како бил нападнат и избоден од неколку лица.

Полицијата уапси еден азербејџански и еден турски државјанин за нападот, а уште 45 турски и азербејџански државјани беа приведени за проверка на нивниот престој.

Министерот Шарановиќ најави дека новиот Закон за странци ќе влезе во собраниска процедура следната недела.

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, го осуди нападот и повика на смиреност, нагласувајќи дека не треба да се стигматизира целата нација.

Претседателот на Движењето за промени, Небојша Медојевиќ, пак, тврди дека во Црна Гора има 100.000 турски државјани и 6.000 отворени компании, изразувајќи загриженост за контролата на државата врз нив.

Лидерот на Движењето за промени и пратеник во парламентот на Црна Гора, Миливоје Медојевиќ, предупреди на значително зголемување на бројот на турски државјани во земјата. Според неговите процени, во Црна Гора се населени околу 100.000 Турци, претежно млади брачни парови со деца, кои имаат намера да останат трајно. Тој тврди дека ова не е случајност, туку дел од државен проект на Турција и го оцени како форма на неоосманизација на Балканот, со потенцијално влијание врз локалната политика, вклучително и на бошњачките партии.

Претседателот на Демократската народна партија, Милан Кнежевиќ, исто така изрази загриженост поради бројот на турски државјани во малата земја и повика на заострување на прописите за влез на странци. Тој посебно нагласи масовното купување недвижности од страна на странски државјани, вклучително и случаи кога еден Турчин купува по 20 станови во една зграда. Кнежевиќ го истакна и геополитичкиот контекст, споменувајќи ги турските активности во Косово и Метохија, и предупреди дека големиот број Турци во регионот може да има влијание.

Кнежевиќ зборуваше и за „поширокиот геополитички контекст“, потсетувајќи дека Турција „гради фабрика за муниција во Косово и Метохија“ и дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган отворено му се заканува на регионот. Ердоган рече дека ако Србија се обиде нешто во врска со Косово и Босна и Херцеговина, ќе мора да се справи со 100 милиони Турци. Па, дали мислите дека овие 100.000 Турци во Црна Гора мирно би ја набљудувале таквата ситуација? Тие веќе добија статус на малцинство во Македонија и мислам дека Црна Гора мора сериозно да ги разгледа овие трендови. Можеме да го ограничиме престојот на странците на еден месец – тоа не е дискриминација, тоа е заштита на државата“, рече Кнежевиќ.

Владислав Дајковиќ, претседател на партијата „Слободна Црна Гора“, смета дека властите со години ја игнорирале имиграцијата на Турците и нивното купување недвижности. Тој го оценува овој феномен како организиран државен проект со политички и идеолошки мотиви, поврзан со неоосманска експанзија.

Најновите информации од Подгорица велат дека рано утрово на булеварот Иван Црнојевиќ била срушена продавница во сопственост на турски државјанин.

CATEGORIES
TAGS
Share This