БРУТАЛЕН НАПАД НА ГОЛМАНОТ НА ФК АЕРОДРОМ Приведени двајца играчи на ФК Беса, случајот пред дисциплинска комисија на ФФМ

Претседателот на ФК Аеродром, Ивица Аврамовиќ, изјави дека целиот тим бил нападнат и дека полицијата речиси не реагирала.

БРУТАЛЕН НАПАД НА ГОЛМАНОТ НА ФК АЕРОДРОМ Приведени двајца играчи на ФК Беса, случајот пред дисциплинска комисија на ФФМ

Страшни сцени на натпреварот од третата македонска фудбалска лига помеѓу ФК Беса и ФК Аеродром во Слупчане. По завршувањето на мечот, играчи и службени лица од домашниот тим физички нападнале фудбалери на гостите. Голманот на ФК Аеродром бил газен и удиран со клоци додека лежел на теренот и со тешки повреди бил пренесен во скопската болница.

Претседателот на ФК Аеродром, Ивица Аврамовиќ, изјави дека целиот тим бил нападнат и дека полицијата речиси не реагирала. Од ФК Беса, пак, тврдат дека гостинскиот тим провоцирал, а немале доволно полиција за да го спречат инцидентот.

Полицијата потврди дека се приведени двајца играчи на Беса од Куманово, а се работи на идентификација на останатите вклучени. Случајот е предаден на дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија, која најави постапување според правилниците.

CATEGORIES
Share This