ВЛАДИНИТЕ ТРОШИЦИ РАСТАТ, ПРИВАТНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ ОПАЃААТ Германија во економски пад

Германија се соочува со економски пад, предупредува германскиот економист Клеменс Фуест во изјава за „Билд“

ВЛАДИНИТЕ ТРОШИЦИ РАСТАТ, ПРИВАТНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ ОПАЃААТ Германија во економски пад

Германија се соочува со економски пад, предупредува германскиот економист Клеменс Фуест во изјава за „Билд“. Тој посочува дека владините трошоци растат, додека приватните инвестиции опаѓаат, што го загрозува долгорочниот просперитет и стандардот на граѓаните.

Фуест бара германската влада во наредните шест месеци да подготви сеопфатна програма за реформи што ќе биде усвоена до пролетта 2026 година. Програмата, според него, треба да опфати укинување на пензиите за мајки, спречување на растот на придонесите и значително намалување на бирократијата за компаниите.

Поедноставувањето на регулативите за емисии, синџири на снабдување и минимални плати, според Фуест, би можело да донесе до 146 милијарди евра дополнителен економски раст годишно.

CATEGORIES
Share This