ИНЦИДЕНТ ВО ЈУЖНОТО КИНЕСКО МОРЕ Се урнале борбен авион и хеликоптер на американската морнарица

Сите членови на екипажите се спасени и се во стабилна состојба, додека причините за несреќите се под истрага.

ИНЦИДЕНТ ВО ЈУЖНОТО КИНЕСКО МОРЕ Се урнале борбен авион и хеликоптер на американската морнарица

Американски борбен авион и воен хеликоптер се урнаа во Јужното Кинеско Море во два одделни инциденти што се случиле во краток временски интервал, соопшти американската Пацифичка флота.

Хеликоптерот MH-60R Sea Hawk се урнал околу 14:45 часот по локално време, за време на рутинска операција по полетувањето од носачот на авиони USS Nimitz. Половина час подоцна, во 15:15 часот, борбен авион F/A-18F Super Hornet се урнал во истата област, исто така за време на рутинска мисија.

Американската морнарица не ја откри точната локација на падот, но потсети дека нејзините сили редовно дејствуваат во меѓународни води со цел одржување на слободата на пловидба во регионот, кој е од стратешко значење за глобалната трговија.

Јужното Кинеско Море е зона на постојани тензии меѓу Кина и нејзините соседи. Пекинг полага право на речиси целото подрачје, и покрај пресудата на меѓународниот арбитражен суд од 2016 година дека таквите побарувања немаат правна основа. Побарувања за истиот регион имаат и Филипините, Виетнам, Малезија, Брунеи и Тајван.

CATEGORIES
Share This