МОСКВА ПОГОДЕНА ОД МАСОВЕН НАПАД СО БЕСПИЛОТНИ ЛЕТАЛА Уништени вкупно 193 дронови

Според соопштението на руското Министерство за одбрана, вкупно 193 дронови биле уништени во текот на ноќта, од кои 40 над Московската област.

МОСКВА ПОГОДЕНА ОД МАСОВЕН НАПАД СО БЕСПИЛОТНИ ЛЕТАЛА Уништени вкупно 193 дронови

Московскиот регион беше погоден од масовен напад со беспилотни летала во текот на ноќта, потврди градоначалникот Сергеј Собјанин. Тој изјави дека руската противвоздушна одбрана соборила 34 дронови кои се движеле кон главниот град, пренесува The Kiev Independent.

Според соопштението на руското Министерство за одбрана, вкупно 193 дронови биле уништени во текот на ноќта, од кои 40 над Московската област. Министерството наведе дека 34 од нив биле насочени кон Москва, но овие информации не можат да се потврдат од независни извори.

Како мерка на претпазливост, аеродромите Домодедово и Жуковски накратко ги прекинаа сите летови поради заканата од нови напади со дронови.

CATEGORIES
Share This