ИЗБОРИ 2025 – Преглед на излезноста до 13 часот

До 13:00 часот пристигнаа податоци од 3.207 избирачки места. Според нив, гласаа 335.244 граѓани, што претставува излезност од 20,12%

ИЗБОРИ 2025 – Преглед на излезноста до 13 часот
Фото: Национал

Државната изборна комисија на прес-конференција ги соопшти резултатите за излезноста до 13:00 часот, како и текот на гласањето.

„До 13:00 часот пристигнаа податоци од 3.207 избирачки места. Според нив, гласаа 335.244 граѓани, што претставува излезност од 20,12%“, соопшти ДИК.

Најголема излезеност има во Богданци 27,31 отсто, Вевчани 33,76, Градско 26,01, Дебарца 28,42, Демир Капија 29,25, Дојран 30,74, Кратово 30,01, Крива палнка 32,42, Лозово 31,86, Новаци 36,52, Ранковци 32,07 и Чашка 40,74 отсто, додека најмала излезеност е регистрирана во Босилово 12,96 отсто, Врапчиште 7,23, Гази Баба 18,97, Гостивар 11,66, Дебар 13,87, Желино 17,19, Јегуновце 17,50, Маворово и Ростуше 14,45, Пласница 18,88, Радовиш 17.97, Струга 16 и Шуто Оризари 13,76 проценти, информира Тодоровска Алексовска на прес-конференција.

Во Град Скопје излезеноста е 20,07 отсто или по општини: во Аеродром 20,63, Бутел 20,69, Гази Баба 18,97, Ѓорче Петров 19,67, Карпош 21,69, Кисела Вода 20,89, Сарај 21,18, Центар 22, Чаир 19,17 и Шуто Оризари 13,76 отсто.

CATEGORIES
TAGS
Share This