САРАЈ БЕЗ УСПЕХ: ЧЕТИРИ ПРИГОВОРИ ПАДНАА ВО ВОДА – Стружанец доби шанса да гласа

Дополнително, Комисијата изгласа доделување авансни средства за вработените ангажирани околу враќањето на доверливиот изборен материјал - уредите за биометриска идентификација.

САРАЈ БЕЗ УСПЕХ: ЧЕТИРИ ПРИГОВОРИ ПАДНАА ВО ВОДА – Стружанец доби шанса да гласа
Фото: Национал

Државната изборна комисија (ДИК) на продолжението на 147. седница вечерва разгледа пет приговори поднесени од граѓани за заштита на избирачко право. Четири од нив – од Аријета и Бесар Селими, Ќеримка Селимовска и Егзон Исмаили од Сарај беа одбиени како неосновани, бидејќи сите се запишани во избирачкиот список.

Единствено беше прифатен приговорот на Хазред Бизари од Струга, за кого проверката покажа дека не е внесен во списокот, иако ги исполнува условите. Тој ќе може да гласа утре на избирачко место 1899 во општина Струга, со задолжително приложување на решението од ДИК.

Претседателот на Комисијата, Борис Кондарко, нагласи дека сите чии приговори се прифатени мора да го понесат решението за да можат да гласаат. Членот на ДИК, Ангелчо Ристов, апелираше граѓаните да се проверат во избирачкиот список достапен на веб-страницата и во општинските комисии, бидејќи дел од приговорите се поднесени од лица кои веќе се запишани.

На седницата беше одобрена и акредитација за еден меѓународен набљудувач од „Београдски форум за свет рамноправних“. Од ДИК потсетија дека сите акредитирани набљудувачи мора да носат беџови и да го почитуваат Кодексот за набљудување.

Дополнително, Комисијата изгласа доделување авансни средства за вработените ангажирани околу враќањето на доверливиот изборен материјал – уредите за биометриска идентификација.

Седницата останува отворена до утре, кога ќе биде објавено дали има нови приговори за заштита на избирачко право.

CATEGORIES
Share This