ИНТЕРВЈУА ЗА СУДИЈА ВО СУДОТ ВО СТРАЗБУР Повикан 11 кандидати
На интервјуата се повикани 11 кандидати, меѓу кои поранешни и сегашни судии, универзитетски професори и адвокати

Комисијата за избор на кандидат на Република Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) ќе одржи состанок во просториите на Уставниот суд во понеделник, 20 октомври.
По состанокот ќе следат интервјуа со кандидатите, кои ќе се одвиваат на англиски и француски јазик. За поголема транспарентност, интервјуата ќе се спроведат пред независни набљудувачи, меѓу кои и претставници на невладините организации „Коалиција сите за правично судење“ и Македонското здружение на млади правници.
На интервјуата се повикани 11 кандидати, меѓу кои поранешни и сегашни судии, универзитетски професори и адвокати: Оља Ристова, Тони Менкиноски, Наташа Габер Дамјановска, Јордан Апостолски, Александар Даштевски, Али Алиу, Илир Исени, Јелена Ристиќ, Сашо Георгиевски, Наташа Бошкова и Ана Дангова Хуг.


