ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА ДЕНЕС – Облачно со засилен северен ветер

Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви интервали, а вдолж Повардарието и во источните делови ќе дува засилен северен ветер. Во североисточните подрачја можно е појава на слаб локален дожд. Минималните утрински температури ќе се движат од 4 до 12, а дневните ќе достигнат од 11 до 21 степен Целзиусов.
Во Скопје се очекува слична временска состојба – променливо облачно со сончеви периоди и умерен до повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе биде околу 11 степени, а дневната ќе се искачи до 19 степени.
Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до вторник ќе преовладува стабилно време со температури нешто пониски од просекот за овој период од годината. Од средината на следната недела, под влијание на влажна и посвежа воздушна маса, се очекуваат локални врнежи од дожд и пад на дневните температури за неколку степени.


