РЕАЛ МАДРИД ВО КРИЗА Хујсен повреден пред важните натпревари

Реал Мадрид се наоѓа во тешка ситуација со кадровските проблеми пред продолжението на сезоната. Клубот официјално објави дека младиот дефанзивец Дин Хујсен претрпел повреда на мускулот на левата нога. Според информациите од медицинскиот тим на „кралскиот клуб“, 19-годишниот стопер ќе биде надвор од терените околу две недели. Ова значи дека сигурно ќе го пропушти следниот натпревар против Хетафе во Ла Лига.
Сепак, навивачите можат да се надеваат на позитивни вести, бидејќи прогнозите се оптимистички. Очекувањата се дека Хујсен ќе биде целосно подготвен за големото дерби – „Ел Класико“ против Барселона. Оваа повреда доаѓа во критичен момент за Реал Мадрид, кој се бори за важни бодови во шампионатот.
CATEGORIES Фудбал


