ДЕЛОВИ ОД ГАЗИ БАБА И ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ДЕНЕСКА БЕЗ СТРУЈА Прекинот ќе трае неколку часа

ДЕЛОВИ ОД ГАЗИ БАБА И ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ДЕНЕСКА БЕЗ СТРУЈА Прекинот ќе трае неколку часа

Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска ќе има прекини во снабдувањето со електрична енергија на повеќе локации во Скопје поради планирани технички зафати во мрежата.

Во општина Гази Баба, без струја ќе останат корисниците од улиците Благоја, Маџари, Ордан Поп Јорданов, како и пекарницата „КИС МИ Стефковски“. Прекинот ќе трае од 08:30 до 13:30 часот.

Во општина Ѓорче Петров, прекин е најавен од 09:00 до 10:00 часот и ќе ги опфати локалите во трговскиот центар кај пазарот.

Според ЕВН, прекините се дел од редовното одржување и модернизација на електродистрибутивната мрежа.

CATEGORIES
Share This