ТРАМП МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ЕРДОГАН Лавров возврати дека Русија има доверба во Турција и дека ќе ги брани своите интереси

Извор од турскиот финансиски сектор за „РИА Новости“ на 30 септември изјавил дека, и покрај повиците од Вашингтон, Анкара не планира промена на својата енергетска политика

ТРАМП МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ЕРДОГАН Лавров возврати дека Русија има доверба во Турција и дека ќе ги брани своите интереси
Фото: Принтскрин

Соединетите Американски Држави вршат силен притисок врз Турција да ја прекине својата енергетска соработка со Русија и Иран, објави „Ројтерс“.

Американскиот претседател Доналд Трамп на средбата со турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган на 25 септември во Вашингтон побарал Анкара да го намали купувањето на руски енергетски ресурси.

„Вашингтон врши јавен притисок врз своите сојузници, вклучително и Турција, членка на НАТО, за да ги намали енергетските врски со Москва и Техеран“, наведува агенцијата.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, реагираше дека Русија ја почитува позицијата на Турција и не се сомнева дека Анкара ќе ги заштити своите национални интереси.

Турскиот министер за енергетика и природни ресурси, Алпарслан Бајрактар, на 2 октомври изјави дека Турција нема намера да се откаже од рускиот гас.

„Ројтерс“ посочува дека Турција до крајот на 2028 година би можела да обезбеди повеќе од половина од своите енергетски потреби преку домашно производство и увоз на течен природен гас (LPG) од САД, што би го намалило просторот за руските и иранските снабдувачи.

И покрај тоа, Русија останува најголем добавувач на гас за Турција, иако нејзиниот удел на пазарот се намалил од над 60% пред две децении на 37% во првата половина од оваа година.

Долгорочните договори меѓу Русија и Турција за испорака на 22 милијарди кубни метри гас годишно преку „Син поток“ и „Турски поток“ наскоро истекуваат, како и договорот со Иран за 10 милијарди кубни метри, кој завршува во 2026 година. Договорите со Азербејџан за вкупно 9,5 милијарди кубни метри се валидни до 2030 и 2033 година.

Податоците на Турската агенција за регулирање на енергетскиот пазар (EPDK) покажуваат дека во 2024 година руската нафта учествувала со 66% во вкупниот увоз на Турција, додека рускиот гас опфаќал 41%.

Извор од турскиот финансиски сектор за „РИА Новости“ на 30 септември изјавил дека, и покрај повиците од Вашингтон, Анкара не планира промена на својата енергетска политика.

CATEGORIES
TAGS
Share This