АТАНАС КИРЈАКОВ – ВОЈВОДАТА Омразата кон Македонците не е спонтана, туку системски изградена
Во Пиринска Македонија, секој израз на македонски идентитет често се доживува како провокација или „предавство“.

Обединетата македонска организација „Илинден“ ја анализира појавата, причините и последиците од јазикот на омраза кон Македонците во Бугарија, нагласувајќи дека тој претставува сериозна закана за демократијата, човековите права и меѓуетничкото разбирање.
Според организацијата, македонското прашање во Бугарија е пример за длабоко вкоренет говор на омраза кој се негува од институциите, медиумите и дел од политичките структури. Во Пиринска Македонија, секој израз на македонски идентитет често се доживува како провокација или „предавство“.
Формите на манифестација се ирзруваат институционално со тоа што Бугарските власти и понатаму одбиваат да признаат македонско малцинство, иако тоа е побарано од меѓународни институции и судови. Македонските здруженија се соочуваат со административни пречки, а активистите со стигматизација. Во медиумите македонската тема се обработува низ призма на национализам. Често се користат изрази како „измислена нација“ или „анти-Бугари“, што создава непријателска клима. Политички гледано крајно десничарски политичари и партии редовно шират негирање и говор на омраза кон Македонците, па дури и повици за ограничување на нивните права и во јавниот дискурс Македонскиот идентитет во јавниот простор е стигматизиран и третиран како нешто туѓо или опасно.
Главните причини за ова се страв и идентитетска несигурност – признавањето на македонскиот идентитет се доживува како закана за бугарскиот национален наратив, политичка манипулација – „македонското прашање“ често се користи за одвлекување внимание од внатрешни проблеми, наследство од комунизмот – репресијата врз македонскиот идентитет од минатото оставила длабоки институционални траги и неразрешени билатерални односи со Северна Македонија – конфликтите околу историјата и јазикот се прелеваат врз граѓаните со македонско самосознание во Бугарија.
Последици од сетоа ова е јазикот на омраза не останува само на ниво на реторика – тој доведува до дискриминација, изолација и нарушено чувство на припадност кај Македонците во Бугарија. Дополнително, го поткопува владеењето на правото и ја еродира демократијата.
„Омразата кон Македонците не е спонтана, туку системски изградена и одржувана. Ако Бугарија навистина сака да биде демократска држава што ги почитува човековите права, мора да го преиспита односот кон своите граѓани со македонско самосознание. Вистинската сила на една нација не е во негирањето, туку во прифаќањето на различноста“, порачува ОМО „Илинден“ во објавата што ја сподели активистот од Благоевград, Атанас Кирјаков – Војводата.



