УКИНАТА ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА – Што значи ова за изборите
Одлуката донесена со 70 гласа „за“ отвора нова политичка дебата за фер изборите.

Собранието попладнево ги изгласа измените на Законот за Влада, со кои по следните парламентарни избори ќе се укине техничката, односно преодната влада.
За законските измени гласаа 70 пратеници, 11 беа против, без ниту еден воздржан.
Техничката или т.н. пржинска влада беше воведена како привремено решение за изборите во 2016 година, со цел да се обезбеди фер и демократски процес преку вклучување министри од опозицијата во последните 100 дена пред изборите.
Во собраниската расправа, пратениците од владејачкото мнозинство оценија дека овој модел е надминат и несоодветен за сегашниот политички и институционален контекст. Од друга страна, опозицијата предупреди дека неговото укинување може да ги ослаби механизмите за гарантирање фер и демократски избори.
