КРЕМЉ ЗА ДРОНОВИТЕ НАД ЕВРОПА – Обвинувањата кон Русија се неосновани и политички мотивирани
Песков додаде дека Русија располага со доволно ресурси и простор за да ги оствари своите цели во рамки на војната во Украина.

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денес ја опиша ситуацијата со дроновите забележани над Европа како „чудна“, нагласувајќи дека обвинувањата против Русија се целосно неосновани.
„Во Европа има многу политичари кои без докази ја обвинуваат Русија за сè. Таквите изјави ги сметаме за неоправдани,“ изјави Песков, пренесува РИА Новости.
Истовремено, тој ја поздрави изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со предлогот на Владимир Путин за продолжување на ограничувањата за стратешко нуклеарно оружје предвидени во договорот Нов СТАРТ. Според него, ова дава надеж за позитивен развој на односите меѓу Москва и Вашингтон.
„Фактот што Трамп ја оцени идејата на Путин како ’добра’ создава основа за оптимизам дека САД ќе ја поддржат оваа иницијатива,“ рече Песков.
Да потсетиме, Путин во септември понуди Русија доброволно да ги задржи ограничувањата за нуклеарниот арсенал утврдени со договорот Нов СТАРТ од 2010 година доколку САД го направат истото. Договорот истекува во февруари следната година.
Песков додаде дека Русија располага со доволно ресурси и простор за да ги оствари своите цели во рамки на војната во Украина.
На крајот, тој најави дека на 7 октомври, по повод роденденот на претседателот Путин, се очекува серија меѓународни телефонски разговори и честитки од странски лидери. наслови


