ИНЦИДЕНТ НА ВРВОТ НА НАТО – Генералниот секретар Руте му се развика на естонскиот премиер

Руското Министерство за одбрана, пак, повтори дека сите летови на нивните воздушни сили се изведуваат над неутрални води и без опасно приближување до странски летала.

ИНЦИДЕНТ НА ВРВОТ НА НАТО – Генералниот секретар Руте му се развика на естонскиот премиер
Фото: Принтскрин

На последниот самит на НАТО дошло до жестока расправија меѓу генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте, и естонскиот премиер Кристен Михал. Според извештај на американската телевизија „Фокс њуз“, расправијата ескалирала до точка на викање, при што Руте остро реагирал на одлуката на Естонија да го активира Член 4 од Повелбата на НАТО.

Изворите за „Фокс њуз“ велат дека Руте сметал оти активирањето на Член 4 кој предвидува консултации во рамките на Алијансата при потенцијална закана за безбедноста – не било оправдано во конкретниот случај. Естонија го побара механизмот по инцидентот со беспилотни летала и воени авиони што го нарушиле нејзиниот воздушен простор.

Ова прашање ги продлабочи поделбите меѓу сојузниците во НАТО за тоа како да се реагира на зголемениот број инциденти во близина на источните граници на Алијансата.

Во меѓувреме, Северноатлантскиот совет ја обвини Русија за нарушувањата на воздушниот простор на Полска и Естонија, што Москва категорично го отфрли. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги нарече обвиненијата „возвишена хистерија“, нагласувајќи дека руските авиони дејствуваат во согласност со меѓународното право и не ги прекршуваат туѓите граници.

Руското Министерство за одбрана, пак, повтори дека сите летови на нивните воздушни сили се изведуваат над неутрални води и без опасно приближување до странски летала.

CATEGORIES
Share This