ШЕШЕЉ НА ДЕНОТ КОГА ПАДНА МИЛОШЕВИЌ – „Бев во својата канцеларија во владата со автомат“

Тој додаде дека 5 октомври го смета за еден од најмрачните датуми во историјата на Србија, оценувајќи дека тогаш се случила „прва успешна мафијашка револуција во светот“

ШЕШЕЉ НА ДЕНОТ КОГА ПАДНА МИЛОШЕВИЌ  – „Бев во својата канцеларија во владата со автомат“
Фото: Принтскрин

Претседателот на Српската радикална странка, д-р Воислав Шешељ, откри каде се наоѓал на 5 октомври 2000 година, денот кога беше урнат режимот на Слободан Милошевиќ. Според неговите зборови, тој бил во својата канцеларија во Владата на Србија, подготвен за вооружен отпор.

„Имав автомат АК-47 на масата и пет резервни шаржери. Бев решен да пукам ако бандитите се обидат да провалат во мојата канцеларија“, изјави Шешељ во гостување на телевизијата „Курир“.

Тој додаде дека 5 октомври го смета за еден од најмрачните датуми во историјата на Србија, оценувајќи дека тогаш се случила „прва успешна мафијашка револуција во светот“, зад која, според него, стоеле и странски разузнавачки служби со поддршка од САД и Западот.

CATEGORIES
Share This