ПУТИН СЕ ЗАКАНУВА – „Томахавк“ во Украина ќе значи крај на односите со САД
Тој повтори дека користењето на овие ракети на украинска територија без директно ангажирање на американски војници е практично невозможно и дека тоа сериозно би ги влошило односите меѓу двете земји.

Фото: Принтскрин
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека доколку САД му испорачаат на Киев ракети со долг дострел „Томахавк“, тоа ќе доведе до целосен колапс на позитивните сигнали што штотуку почнале да се појавуваат во руско-американските односи.
„Постојат прашања за можни нови испораки на вооружување, вклучувајќи системи со голема прецизност и долг дострел како „Томахавк“. Веќе реков дека ваков чекор би ги уништил сите позитивни трендови кои дури сега почнуваат да се појавуваат“ – истакна Путин во интервју за новинарот Павел Зарубин на „Русија 1“.
Тој повтори дека користењето на овие ракети на украинска територија без директно ангажирање на американски војници е практично невозможно и дека тоа сериозно би ги влошило односите меѓу двете земји.
CATEGORIES Свет
TAGS Топ вест


