МАДОНА СЕ ВРАЌА СО НОВ АЛБУМ ВО 2026 – Повторна соработка со „Ворнер рекордс“

Со новиот албум, Мадона ќе го обележи своето враќање во „Ворнер рекордс“ – издавачката куќа која ѝ помогна да стане светска суперѕвезда.

МАДОНА СЕ ВРАЌА СО НОВ АЛБУМ ВО 2026 – Повторна соработка со „Ворнер рекордс“
FOTO: Ricardo Gomes

Поп-иконата Мадона најави нов студиски албум за следната година, откако повторно ја обнови соработката со „Ворнер рекордс“, издавачката куќа со која ги помина првите 25 години од својата кариера.

Како што пишува „Ролинг стоун“, новиот проект ќе биде инспириран од денс-звукот и замислен како продолжение на легендарниот албум Confessions on a Dancefloor од 2005 година. Ова ќе биде нејзиното прво издание по албумот Madame X од 2019 година.

Иако насловот и датумот на излегување сè уште не се познати, објавата веќе предизвика големо внимание. Со новиот албум, Мадона ќе го обележи своето враќање во „Ворнер рекордс“ – издавачката куќа која ѝ помогна да стане светска суперѕвезда.

„Од уметник кој се пробива во Њујорк до потпишување договор за само три сингла, во тој момент се чинеше дека мојот свет никогаш нема да биде ист – и тоа беше навистина така. Од самиот почеток, ‘Ворнер рекордс‘ беше мој вистински партнер. Среќна сум што сме повторно обединети и со нетрпение ја очекувам иднината“, изјави Мадона, која минатиот месец наполни 67 години.

CATEGORIES
Share This