СОНЧЕВО И ПОСВЕЖО ВРЕМЕ ДЕНЕС – Викендот носи потопли денови

Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено и засилен северен ветер со брзина над 60 km/h. Минималните температури се движат од 4 до 15, а максималните од 20 до 28 степени.

СОНЧЕВО И ПОСВЕЖО ВРЕМЕ ДЕНЕС – Викендот носи потопли денови

Утрово времето е ведро и посвежо, а преку денот ќе преовладува сончево време, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено и засилен северен ветер со брзина над 60 km/h. Минималните температури се движат од 4 до 15, а максималните од 20 до 28 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерен, повремено засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од утрински 11 до дневни 26 степени.

Наредните денови следува период на стабилно и сончево време со посвежи утра, а температурите постепено ќе растат. Најтопло ќе биде за време на викендот и во почетокот на следната седмица.

CATEGORIES
Share This