ПРЕТРЕС ВО АЈВАТОВЦИ Приведено лице со стебла канабис

ПРЕТРЕС ВО АЈВАТОВЦИ Приведено лице со стебла канабис

На 16 септември 2025 година, околу 12:30 часот, во селото Ајватовци, скопско, полициските службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишија од слобода 47-годишен маж, идентификуван како Д.С. поради сомневање за кривично дело согласно член 215 од Кривичниот законик.

По добиени оперативни информации, полицијата го затекна Д.С. во близина на полуотворена фолија за одгледување на растенија, во која беа видливи насадени стебла од канабис. Местото беше обезбедено, а потоа, со судска наредба, полициските службеници од Единицата за недозволена трговија извршија претрес.

При претресот, пронајдени и одземени беа повеќе стебла од растението канабис. Д.С. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

CATEGORIES
Share This