50.000 ДЕМОНСТРАНТИ ВО АНКАРА – Опозицијата протестира против обид за судски „пуч“
Демонстрантите, облечени во маички со ликот на Ататурк и со турски знамиња во раце, дадоа поддршка на лидерот Озгур Озел, кој предупреди дека се работи за „пуч против демократијата“.

Најмалку 50.000 поддржувачи на главната турска опозициска партија, Републиканската народна партија (ЧХП), денес излегоа на улиците на Анкара, протестирајќи против можно судско поништување на изборот на новото партиско раководство.
Демонстрантите, облечени во маички со ликот на Ататурк и со турски знамиња во раце, дадоа поддршка на лидерот Озгур Озел, кој предупреди дека се работи за „пуч против демократијата“.
Утрешното судско рочиште има за цел да ги поништи резултатите од партискиот конгрес од ноември 2023 година, на кој Озел беше избран за претседател на ЧХП, поради наводна изборна нерегуларност.
Критичарите тврдат дека овие постапки се политички мотивирани и имаат цел да ја ослабнат ЧХП, особено по нејзината убедлива победа на локалните избори во 2024 година, кога забележа пад на поддршката за владејачката Партија на правдата и развојот на претседателот Реџеп Таип Ердоган.


