ЗАПЛЕНЕТИ РЕТКИ МОНЕТИ И БАНКНОТИ НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ – Парите биле пронајдени при контрола на патник
Иако со себе носел значајна вредност, патникот се упатил на зелениот канал, наменет за лица без пријавни предмети.

Царинските службеници на Меѓународниот аеродром Скопје запленија 204 монети и банкноти за колекционерски цели, проценети на околу 700.000 денари, при контрола на патник – државјанин на САД.
Иако со себе носел значајна вредност, патникот се упатил на зелениот канал, наменет за лица без пријавни предмети. Поради сомневање, бил избран за детална контрола, при што во неговиот багаж биле пронајдени вредните нумизматички предмети.
Против него е покрената соодветна постапка пред надлежен суд. Царинската управа повторно апелира до граѓаните дека се должни да пријават вредносни предмети при влез и излез од државата, согласно законските прописи.
CATEGORIES Македонија


