АЛТА БАНКА ОД БЕЛГРАД ПОДНЕСЕ ПОНУДА ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НА СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА – Ново поглавје за банкарскиот сектор во Македонија
Понудата, објавена на 11 септември 2025 година, се однесува на сите акционери со обични акции со право на глас.

Алта банка АД Белград достави официјална понуда за преземање на Стопанска банка АД Битола, соопштија од битолската банка. Понудата, објавена на 11 септември 2025 година, се однесува на сите акционери со обични акции со право на глас.
Преземањето се реализира врз основа на дозвола од Комисијата за хартии од вредност и претходна согласност од Народната банка на Македонија.
„Оваа интеграција ќе донесе значајни придобивки за македонскиот пазар и ќе придонесе за развој на локалната економија“, изјави д-р Давор Мацура, претседател на Управниот одбор на Алта банка.
Претседателката на Управниот одбор на Стопанска банка Битола, Александра Радевска, нагласи дека оваа инвестиција ќе овозможи нов развој и унапредување на услугите, особено во сегментите на иновации и дигитализација.
Доколку процесот успешно се заврши, Алта банка ќе настапи на македонскиот пазар со фокус на регионално поврзување, одговорно работење и поддршка на клиентите.


