ХРВАТСКА ПРОТИВ ПИЈАНИЦИТЕ Забрана за студено пиво во вечерните часови

Сепак, засега останува отворено прашањето дали ваквото ограничување би можело да ја зголеми потрошувачката на пијалаци со повисока содржина на алкохол.

ХРВАТСКА ПРОТИВ ПИЈАНИЦИТЕ Забрана за студено пиво во вечерните часови
Фото: Принтскрин

Министерството за економија подготвува измени на Законот за трговија, со кои на градовите и општините ќе им се даде можност да воведат забрана за продажба на разладени алкохолни пијалаци во одредени часови.

Иако информацијата сè уште не е официјално потврдена, извори за Index велат дека токму оваа промена е дел од предложените мерки.

Според најавите, продавниците, бензинските пумпи и киосците во одреден период од денот нема да смеат да нудат алкохол од фрижидери и ладилници. Најмногу ќе биде погодено пивото, бидејќи токму тоа најчесто се купува разладено.

Министерството оваа мерка ја гледа како поблага алтернатива на целосна вечерна забрана за продажба на алкохол и смета дека на тој начин ќе се намали бројот на пијани лица кои предизвикуваат проблеми со јавниот ред и мир, особено во туристичките места како Сплит.

Сепак, засега останува отворено прашањето дали ваквото ограничување би можело да ја зголеми потрошувачката на пијалаци со повисока содржина на алкохол.

CATEGORIES
Share This