ПЛАНОТ НА ДОДИК – Република Српска ќе ги бојкотира изборите, следува референдум за независност
Според него, со тоа ќе се создадат услови за конечен референдум за независност, кој го нарече незапирлив процес.

Фото: Принтскрин
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, соопшти дека РС целосно ќе ги бојкотира предвремените претседателски избори распишани од ЦИК на БиХ.
Тој оцени дека БиХ е „последна колонија во Европа“ и дека меѓународните претставници делуваат како окупаторска сила. Додик најави референдум за самоопределување, кој ќе биде обврзувачки за институциите на РС, по што ќе следи усвојување резолуција за правото на народите на самоопределување.
Според него, со тоа ќе се создадат услови за конечен референдум за независност, кој го нарече незапирлив процес.
Додик исто така побара заминување на мисијата „Алтеа“ и најави присуство на меѓународни набљудувачи на референдумот.
CATEGORIES Свет
TAGS Топ вест
